На рециклирање лани завршиле 8.000 тони отпад

Bez autora
Mar 25 2013

Македонија е полесна за 8.000 тони отпад од амбалажа, кој минатата година бил собран и рециклиран. Стари пластични шишиња, хартија и лименки ќе се реупотребат во нови производи, а со тоа ќе се заштедат огромен дел од природните ресурси потребни за нивно производство. Едукацијата и ефикасниот систем, како и се' поголемата свест кај граѓаните даваат одлични резултати во насока на зачувување на животната средина. Бројките за собран отпад веќе го надминуваат законски пропишаниот минимум, кој до 2020 година треба да изнесува 24.000 тони отпад од амбалажа. Најголемиот дел од отпадната амбалажа која беше собрана преку системот на „Пакомак“ во 2012 година заврши во македонските преработувачки капацитети за пластика, додека старата хартија и лименки беа извезени во фабрики за рециклирање во Србија и Бугарија.

На рециклирање лани завршиле 8.000 тони отпадМакедонија е полесна за 8.000 тони отпад од амбалажа, кој минатата година бил собран и рециклиран. Стари пластични шишиња, хартија и лименки ќе се реупотребат во нови производи, а со тоа ќе се заштедат огромен дел од природните ресурси потребни за нивно производство.

Едукацијата и ефикасниот систем, како и се' поголемата свест кај граѓаните даваат одлични резултати во насока на зачувување на животната средина. Бројките за собран отпад веќе го надминуваат законски пропишаниот минимум, кој до 2020 година треба да изнесува 24.000 тони отпад од амбалажа.

Најголемиот дел од отпадната амбалажа која беше собрана преку системот на „Пакомак“ во 2012 година заврши во македонските преработувачки капацитети за пластика, додека старата хартија и лименки беа извезени во фабрики за рециклирање во Србија и Бугарија.

„Минатата година преку ’Пакомак‘ беа лиценцирани над 40.000 тони отпад, а беа рециклирани околу 8.000 тони. Во комунална инфраструктура за селективно собирање отпад во поголемите градови лани беа инвестирани околу 12 милиони денари. Во голем број од општините беа склучени договори со јавните комунални претпријатија, а граѓаните имаат пристап до контејнери за селекција во 70 отсто од територијата на земјата“, вели Филип Ивановски, главен извршен директор на „Пакомак“.

Тој додава дека за постигнување на целта до 2020 година да се рециклира 60 отсто од отпадната амбалажа мора многу повеќе да се инвестира во комунална инфраструктура која ќе биде достапна на граѓаните во населбите, во училиштата и во институциите. На тој начин ќе се обезбеди можност да се собираат и селектираат не само пластиката и хартијата како досега, туку и металот, стаклото, композитите и дрвото, како што предвидува Законот за управување со отпадната амбалажа. Според процените, во Македонија остануваат вкупно 100.000 тони отпад од амбалажа. Европскиот просек за инвестиции во комунална инфраструктура се движи меѓу 5 и 10 евра по жител, и е далеку над сегашните вложувања во Македонија.

Ивановски посочува дека најголема масовност на собирањето отпадна пластика изминатата година им дадоа еколошките акции во неколку скопски училишта.

„Партиципацијата на децата во овие еколошки кампањи беше фантастична, децата го селектираа отпадот од најмала возраст, се едуцираа за важноста од селекцијата на отпадот и рециклирањето. За собраниот амбалажен отпад од пластика, ’Пакомак’ им возврати со хигиенски средства. Училиштата што собраа најмногу отпад, добија и дополнителни награди“, вели Ивановски.

Ocenite tekst
Komentari
Prikaži više 
 Prikaži manje
Ostavite komentar

Prijavite se na Vaš nalog


Zaboravili ste lozinku?

Nov korisnik